СУПЕРКУПОТ ВО СКОПЈЕ ГИ СПОИ БУТРАГЕЊО И ДОЈЧИНОВСКИ ПО 20 ГОДИНИ

    СУПЕРКУПОТ ВО СКОПЈЕ ГИ СПОИ БУТРАГЕЊО И ДОЈЧИНОВСКИ ПО 20 ГОДИНИБутрагењо вели дека има убави спомени од соработката во Дојчиновски во Мексико. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид Бутрагењо денеска во Скопје се сретна со својот поранешен тренер Кирил Дојчиновски на прес-конференцијата за Суперкупот на УЕФА во кој на 8 август ќе играат шпанскиот клуб и Манчестер Јунајтед. Бутрагењо во 1995 година си замина од Реал и потпиша за мексиканскиот клуб Селаја, каде што тренер беше македонската фудбалска легенда.

    По заминувањето од Реал Мадрид во 1995 година, Бутрагењо замина во клубот на Дојчиновски во Мексико. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Кога гo напуштив Реал Мадрид во 1995 година, заминав да играм во Мексико, во Селаја. Кирил Дојчиновски ми беше тренер и со него имам многу убави спомени. Ова е многу емотивен момент за мене. Ви благодарам што дојдовте“, кажа 53-годишниот Бутрагењо на пресот и стана да си помуаебети со Дојчиновски, кој беше специјален гостин на настанот.

    Покрај Бутрагењо, кој сега е еден од директорите во Реал, на прес-конференцијата за Суперкупот, кој ќе се игра на „Филип Втори“, беше и поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Французинот Луј Саа.

    73-годишниот Дојчиновски имаше богата кариера, првин како играч, а потоа и како тренер. Во играчките денови, најголем дел од кариерата помина во Вардар и Црвена Звезда, а беше и југословенски репрезентативец. Како тренер, ги водеше Вардар, Ел Салвадор, Селаја, Ираклис, Лимењо и Платенсе.

    Денеска во продажба беа пуштени картите за Суперкупот во Скопје. До 4 јули може да се аплицирате за билети за Суперкуп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8 август во Скопје единствено онлајн преку официјалниот сајт на УЕФА за продажба на карти.

    Продажбата не се врши врз основа на принципот прв дојден-прв услужен, туку може да се аплицира во кое било време до затворање на линкот за апликација за билети  на 4 јули. Ако побарувачката е поголема од понудата, тогаш ќе има извлекување за распределба на билетите

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира