СВЕТСКАТА АНТИДОПИНГ АГЕНЦИЈА БАРА СУСПЕНЗИЈА НА ЈАНИК СИНЕР ПОРАДИ ПОЗИТИВНИТЕ ДОПИНГ ТЕСТОВИ

    СВЕТСКАТА АНТИДОПИНГ АГЕНЦИЈА БАРА СУСПЕНЗИЈА НА ЈАНИК СИНЕР ПОРАДИ ПОЗИТИВНИТЕ ДОПИНГ ТЕСТОВИНа Синер му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на САД и потоа ја освои титулата (Фото: Гети)

    Најдобриот светски тенисер Јаник Синер се соочува со нова закана од суспензија откако Светската антидопинг агенција (ВАДА) ја обжали одлуката дека тој немал вина за двата позитивни допинг теста порано оваа година. ВАДА кажа дека минатомесечната пресуда на независен трибунал, со која Синер беше ослободен од секаква вина, не е во согласност со важечките правила.

    ВАДА поднесе жалба во Светскиот арбитражен суд во Лозана и смета дека Синер треба да биде казнет меѓу една и две години.

    На Синер му беше дозволено да игра на Отвореното првенство на САД и потоа ја освои титулата, иако шест дена пред ждрепката се откри дека уште во март имал два позитивни теста за анаболичкиот стероид клостебол, кој помага да се гради мускулната маса. Тој бил ослободен од вината откако Меѓународната агенција за интегритет во тенисот му го прифатила тврдењето дека ненамерно бил контаминиран од неговиот физиотерапевт Џакомо Налди.

    Синер во меѓувреме ги отпушти Налди и својот фитнес тренер, но останаа прашањата дали со овој случај било постапувано поинаку од оние на другите играчи поради неговиот статус на светски рекет број еден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира