ТЕНИСЕРКАТА СИМОНА ХАЛЕП СЕ ОМАЖИ ЗА РОМАНСКИ БИЗНИСМЕН ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈА

    ТЕНИСЕРКАТА СИМОНА ХАЛЕП СЕ ОМАЖИ ЗА РОМАНСКИ БИЗНИСМЕН ПО ПОТЕКЛО ОД МАКЕДОНИЈАИ Халеп и 13 години повозрасниот Јурук се Власи по потекло од Македонија (Фото: Инстаграм)

    Една од најдобрите светски тенисерки Симона Халеп се омажи за романскиот бизнисмен Тони Јурук на приватна церемонија во нејзиниот роден град Констанца. И Халеп и 13 години повозрасниот Јурук се Власи по потекло од Македонија.

    Халеп објави фотографии од венчавката на социјалните мрежи, на кои се гледа како ги разменуваат брачните завети во присуство на нивните родители. На свадбата пееле романски музички ѕвезди.

    Халеп и Јурук се заедно од 2018 (Фото: Инстаграм)

    „Беше прекрасно, многу сум емотивна. Ова се сосема поинакви чувства од освојувањето на гренд слем титула“, кажа 29-годишната Халеп, која во кариерата ги има освоено Ролан Гарос и Вимблдон.

    Халеп, чии предци емигрирале во Романија од битолското село Маловишта, своевремено изјави дека нејзините влашки врски се толку силни, што ќе ја следи семејната традиција и ќе се омажи исклучиво за Влав. Таа и Јурук, кој е роден во Македонија, се заедно од 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира