ТЕТОВО ЌЕ ДОБИЕ БАЗЕН КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА 14 БАЗЕНИ ВО ДРЖАВАТА

    ТЕТОВО ЌЕ ДОБИЕ БАЗЕН КАКО ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ИЗГРАДБА НА 14 БАЗЕНИ ВО ДРЖАВАТАОбјектот ќе се гради на просторот на Спортскиот центар во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Во Тетово е поставен камен темелникот на базен, кој е дел од проектот со кој во наредниот период ќе се изградат 14 базени низ земјата. Како што беше речено на свеченоста, во првата фаза ќе се изградат шест базени, а преостанатите осум во втората фаза.

    „Реализацијата на овој обемен проект започнува во Тетово, а вакви затворени пливачки базени во првата фаза ќе се изградат и во општините Кичево, Штип, Битола, Ѓорче Петров и Кисела Вода. Предвидено е базенот да биде изграден за 18 месеци, а локацијата ја обезбеди Општина Тетово. Изградбата на базенот ќе чини 43 милиони денари, а ќе биде со должина од 25 метри и со широчина од девет метри и во него ќе можат да се одржуваат и поголеми пливачки натпревари. Тој ќе биде енергетски ефикасен. Со базените ќе управуваат општините, но ќе направиме дополнителни консултации со спортските работници, пливачките клубови и со Пливачката федерација за да најдеме механизам за максимална функционалност на овие базени“, изјави Дарко Каевски, директорот на Агенцијата на млади и спорт.

    Објектот ќе се гради на просторот на Спортскиот центар во Тетово, во непосредна близина на спортската сала, која со години стои недоизградена и веќе се претвора во руина.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари