ТИМ ОД НЕПРИЗНАТАТА ДРЖАВА ТРАНСНИСТРИЈА, КОЈА ВАЖИ ЗА ШВЕРЦЕРСКИ РАЈ, ВЕЧЕРВА ЌЕ ДЕБИТИРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

    ТИМ ОД НЕПРИЗНАТАТА ДРЖАВА ТРАНСНИСТРИЈА, КОЈА ВАЖИ ЗА ШВЕРЦЕРСКИ РАЈ, ВЕЧЕРВА ЌЕ ДЕБИТИРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕШериф игра во молдавската лига од 1999 година и оттогаш има освоено 20 шампионски титули (Фото: Пиксел)

    Српот и чеканот и огромната статуа на Ленин и натаму гордо стојат во Тираспол, но вечерва, тој ќе направи голем чекор кон модерниот свет, кога локалниот клуб Шериф ќе дебитира во Лигата на шампионите. За почеток, на гости доаѓа украински Шахтар, но Шериф ја дели групата и со гигантите Реал Мадрид и Интер.

    Ова ќе биде првпат меч од Лигата на шампионите да се игра на територијата на непризната држава. Тираспол е главниот град на Транснистрија, тенко парче земја до границата со Украина, кое според меѓународното право ѝ припаѓа на Молдавија.

    Таа се формираше по кусата војна во 1992 година, почната од сепаратисти поддржани од Русија, во која загинаа околу 1.000 луѓе. Самопрогласената држава источно од реката Днестар сè уште од никого не е призната.

    Сепак, таа сериозно ја сфаќа својата независност од Молдавија. Има своја сопствена валута (приднестарска рубља) која не може да се размени никаде на светот и тука не може да се прими телефонскиот сигнал од Молдавија. Територијата е озлогласена по корупција, организиран криминал и шверц и е опишана како рај за шверцери. Се верува дека во изминатите години биле изнесени милиони долари преку границата со Украина. Во исто време, зградите и патиштата во Тираспол се распаѓаат и градот е типично советски сив.

    И покрај сè, Шериф игра во молдавската лига од 1999 година и оттогаш има освоено 20 шампионски титули. Сопственик на клубот е најголемата локална приватна фирма „Шериф компани“, чиј годишен обрт е двојно поголем од буџетот на државата. Шериф игра на стадионот од 200 милиони долари, изграден на периферијата на Тираспол.

    Во тимот што вечерва ќе игра против Шахтар има играчи од Перу, Тринидад и Тобаго, Малави, Луксембург, Гана, Узбекистан и Бразил. За Шериф од оваа сезона настапува и македонскиот репрезентативец Бобан Николов.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира