ТРОЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА ГФК „ОХРИД“ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19

    ТРОЈЦА ФУДБАЛЕРИ НА ГФК „ОХРИД“ СЕ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19Сите во клубот биле тестирани, а кај тројца тестот бил позитивен - (Фото: ГФК „Охрид“)

    Тројца фудбалери на градскиот клуб “Охрид” од Втората лига се позитивни на коронаворусот, објави раководството на клубот.

    Тие велат дека не знаат како фудбалерите се заразиле затоа што во клубот се применувале сите мерки за заштита.

    „Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а в сабота ни стигнаа резултатите. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. Од сега понатаму ќе ги следиме насоките од надлежните институции и ќе постапуваме согласно нивните инструкции“, велат од охридскиот фудбалски клуб.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира