УЕФА ГО КАЗНИ ВАРДАР СО 100.000 ЕВРА И МУ СЕ ЗАКАНИ СО ДВЕГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА ОД ЕВРОКУПОВИТЕ

    УЕФА ГО КАЗНИ ВАРДАР СО 100.000 ЕВРА И МУ СЕ ЗАКАНИ СО ДВЕГОДИШНА СУСПЕНЗИЈА ОД ЕВРОКУПОВИТЕВардар има рок до 31 јануари да ги плати своите долгови (Фото: СДК.МК)

    Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар се соочува со двегодишна суспензија од европските натпреварувања, откако УЕФА го казни за прекршување на финансискиот фер-плеј.

    Покрај Вардар, казни добија и Левски Софија и Спортинг Лисабон.

    Истовремено, УЕФА му нареди на Вардар да плати парична казна од 100.000 евра и ќе биде исфрлен од еврокуповите за наредните две сезони доколку не ги исплати своите долгови до 31 јануари наредната година. УЕФА не прецизираше за какви долгови станува збор.

    По сезоната во којашто за првпат играше во групите од Лига Европа, Вардар не само што се најде во финансиски проблеми, туку и ја загуби шампионската титула од Шкендија и моментално се наоѓа на второто место на табелата, со пет бода помалку од тетовци. Газдата Сергеј Самсоненко во неколку наврати најави заминување од клубот, но најверојатно ќе остане до крајот на сезоната.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари