УЛТРАМАРАТОНЕЦОТ ТОНИ МАНЕВ ИСТРЧА 400 КИЛОМЕТРИ НИЗ ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИ

    УЛТРАМАРАТОНЕЦОТ ТОНИ МАНЕВ ИСТРЧА 400 КИЛОМЕТРИ НИЗ ШВАЈЦАРСКИТЕ АЛПИНа трката Кросинг Свицерланд 400К (Crossing Switzerland 400K) со 25.000 метри вкупно искачување Манев ја мина целта во Монтре по  162 часа, 20 минути и 24 секунди, во рамките на временскиот лимит од 176 часа. (Фото: Фејсбук)

    Штипскиот ултрамаратонец Тони Манев е првиот македонски тркач кој истрча 400 километри низ швајцарските Алпи. На трката Кросинг Свицерланд 400К (Crossing Switzerland 400K) со 25.000 метри вкупно искачување Манев ја мина целта во Монтре по 162 часа, 20 минути и 24 секунди, во рамките на временскиот лимит од 176 часа.

    Манев сам мина повеќе од шест дена на трасата и во генералниот пласман е на 181 место од 194 тркачи кои ја завршија трката, меѓу пријавените над 400 учесници.

    Оваа трка е исклучително тежок ултрамаратонски трчачки предизвик кој ги води натпреварувачите низ швајцарските Алпи од исток до запад. Маршрута започнува од Бад Рагаз (источна Швајцарија, кај реката Рајна) и завршува на брегот на Женевското Езеро во Монтре, минувајќи низ 7 швајцарски кантони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира