ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ ЗА ДА МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВАРДАР, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ МИХАЈЛОВСКИ

    ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ ЗА ДА МОЖЕТЕ ДА ГО ГЛЕДАТЕ ВАРДАР, КАЖА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЛУБОТ МИХАЈЛОВСКИВардар денеска ги претстави новите дресови за сезоната 2021/22 (Фото; Фејсбук)

    Ракометниот шампион Вардар ги повика своите навивачи да се вакцинираат против ковид-19 бидејќи само на тој начин ќе можат да присуствуваат на мечевите оваа сезона. По една година пауза, Вардар повторно ќе игра пред колку-толку исполнети трибини кога на 26 август ќе го пречека Загреб во четвртфиналето на СЕХА лигата.

    „Ги канам навивачите да дојдат во сала по една година пауза. Очекувам да има најмалку илјада гледачи, но мора да апелирам до нашите навивачи да се вакцинираат. На влезот ќе има контроли и во салата ќе може да се влезе само ако се приложи потврда за вакцинирање со барем една доза или за прележан ковид во последните 45 дена. Сега влезот ќе биде бесплатен, а дополнително ќе пуштиме карти во продажба за новата сезона, но под истите услови“, кажа претседателот на Вардар, Михајло Михајловски.

    Тој потврди дека клубот го исполнил главниот услов за настап во Лигата на шампионите, откако во најголем дел се раздолжил кон играчите.

    „ЕХФ инсистираше да депонираме еден милион евра, но договорив да се смени начинот на плаќање. Сергеј Самсоненко обезбеди 700.000 евра за исплата на долговите и уплативме уште 300.000 евра во ЕХФ. До крајот на годината ќе се подмират сите долгови“, рече Михајловски.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира