ВАРДАР УБЕДЛИВ ПРОТИВ МОНПЕЛЈЕ, ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛШ ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ЗАГРЕБ

    ВАРДАР УБЕДЛИВ ПРОТИВ МОНПЕЛЈЕ, ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО НА ЛШ ЌЕ ИГРА ПРОТИВ ЗАГРЕБВардар го освои третото место во групата А во Лигата на шампиони, откако денеска второпласираниот Веспрем го победи Кјелце. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ракометарите на Вардар лесно го победија европскиот шампион Монпелје со 33-27 во последниот меч од фазата на групи на Лигата на шампиони. И покрај победата, „црвено-црните“ останаа на третото место во групата А, откако денеска второпласираниот Веспрем го победи Кјелце со 36:35 на гости.

    Во салата „Јане Сандански“, Криштопанс со 7 гола и Карачиќ со 6 гола беа најдобри стрелци во тимот на Вардар, а голманот Милосављев имаше 14 одбрани.

    Во осминафиналето, Вардар ќе игра со шестопласираниот тим од групата Б, ППД Загреб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира