ВАРДИ МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ ЗА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“ ПОКРАЈ РОНАЛДО И МЕСИ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Лондон,(ДејлиТелеграф)

    ВАРДИ МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ ЗА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“ ПОКРАЈ РОНАЛДО И МЕСИ

    Џејми Варди беше номиниран за наградата „Златна топка“, која се доделува секоја година на најдобриот светски фудбалер, покрај играчи како Кристијано Роналдо и Лионел  Меси, откако го предводеше Лестер до титулата во англиската Премиер лига. 29-годишниот напаѓач, кој во 2010 година играше за Стокбриџ во осмата англиска лига, се најде на листата со 30-мина фудбалери номинирани за престижната награда, која од годинава повторно ја доделува само „Франс Фудбал“, откако францускиот магазин се раздели од ФИФА по шестгодишна соработка.

    Варди е единствениот англиски фудбалер меѓу номинираните, а најмногу претставници, по четири имаат Аргентина и Франција. Меси, Гонсало Игуаин, Пауло Дибала и Серхио Агуеро се номинираните Аргентинци, а од Франција се: Иго Лорис, Димитри Пајет, Антоан Гризман и Пол Погба.

    Фаворити за наградата годинава се актуелниот победник Лионел Меси од Барселона, неговиот соиграч Луис Суарес, Кристијано Роналдо и Герет Бејл од Реал Мадрид и Антоан Гризман од Атлетико Мадрид.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира