ВЛАДАТА ЌЕ РАСПРАВА ДА ГО ОСЛОБОДИ ИЏЕ ОД ДАВАЧКИ ЗА КОЛАТА

    ВЛАДАТА ЌЕ РАСПРАВА ДА ГО ОСЛОБОДИ ИЏЕ ОД ДАВАЧКИ ЗА КОЛАТАСтефановски стана европски шампион на ридски патеки во 2014 година. - Игор Стефановски Иџе (Фото: Фејсбук/Игор Иџе Стефановски)

    Владата на денешната седница ќе расправа за барањето на најдобриот македонски автотркач Игор Стефановски – Иџе за ослободување од давачки за набавка на спортска опрема и автомобил. Станува збор за 14. точка на дневниот ред на владината седница, меѓу точките за предлогот за давање согласност на решенијата за отстапување на одземени предмети со правосилни одлуки (разна стока) на Министерство за труд и социјална политика и Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи и информација со извештај за тековниот статус на болниците во процесот на акредитација. Вкупно, денеска Владата ќе расправа по 104 точки.

    Стефановски стана европски шампион на ридски патеки во 2014 година, а последниве две години со успех се натпреварува во ЕТЦЦ серијата на ФИА на кружни патеки. По освојувањето на европскиот шампионат во 2014 година, Стефановски се здоби со статус спортист од светска категорија и од Агенцијата за млади и спорт добива стипендија, а по завршувањето на кариерата му следува и спортска пензија.

    Во април минатата година, Иџе на својот Фејбук профил објави статус во кој, меѓу другото, вели дека за него како спортист нема поголема чест од тоа да се бранат боите на својата држава. Тогаш тоа беше протолкувано како поддршка за „За заедничка Македонија“ од медиумите кои ја поддржуваа иницијативата.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари