ВОЗНИЈАЦКИ ЈА ОСТАВИ ВЕНУС ВИЛИЈАМС БЕЗ ГОЛЕМ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНА

    ВОЗНИЈАЦКИ ЈА ОСТАВИ ВЕНУС ВИЛИЈАМС БЕЗ ГОЛЕМ ТРОФЕЈ ОВАА СЕЗОНАТитулата од ВТА финалето ѝ е најголема во кариерата. - Каролине Вознијацки (Фото: Гети)

    Венус Вилијамс ќе го понесе неславниот епитет на најголем губитник во 2017 година, откако беше поразена од Каролине Вознијацки во финалето на завршниот турнир на сезоната во Сингапур.

    Данската тенисерка славеше со 6:4, 6:4, за да ја освои најголемата титула во својата кариера, што ќе ја одведе до третото место на ВТА-листата. Таа претходно ги имаше загубено сите седум меѓусебни дуели со Вилијамс.

    Во сезоната што ја обележаа ветеран(к)ите на тенисот, 37-годишната Американка стигна и до финалето на Отвореното првенство на Австралија и на Вимблдон, но ги загуби овие гренд слем титули од Серена Вилијамс, односно од Гарбиње Мугуруса. И покрај уште еден неуспех, таа ќе ја заврши годината како петтопласирана на светската ранг-листа.

    „Чувството е неверојатно, победив голема шампионка. Не ми се верува дека победив овдека“, кажа 27-годишната Вознијацки по освојувањето на турнирот на кој настапуваат осумте најдобри тенисерки во сезоната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира