1.300 СЕ ЕВАКУИРААТ ОД БРОД ЗА КРСТОСУВАЊЕ ВО НОРВЕШКА ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО МОТОРИТЕ

    1.300 СЕ ЕВАКУИРААТ ОД БРОД ЗА КРСТОСУВАЊЕ ВО НОРВЕШКА ПОРАДИ ПРОБЛЕМ СО МОТОРИТЕНорвешката агенција за спасување соопшти дека бродот „МВ Викинг Скај“ испратил сигнал за опасност среде високи бранови и силни ветрови. (Фото: АФП)

    Околу 1.300 луѓе се евакуираат од брод за крстосување близу западниот брег на Норвешка, соопштија властите.

    Полицијата во Море ог Ромсдал вели дека бродот имал проблем со моторите и дека патниците се пренесуваат на копно. Норвешката агенција за спасување соопшти дека бродот „МВ Викинг Скај“ испратил сигнал за опасност среде високи бранови и силни ветрови. Пет хеликоптери и неколку брода учествуваат во евакуацијата.

    Од полицијата велат дека нема сериозно повредени, но локалните медиуми јавија дека пет лица биле пренесени во болница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира