126 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РУСКА ПРОПАГАНДА ПРЕКУ ФЕЈСБУК, ТВИТЕР, ГУГЛ И ЈУТЈУБ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕ

    126 МИЛИОНИ АМЕРИКАНЦИ БИЛЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РУСКА ПРОПАГАНДА ПРЕКУ ФЕЈСБУК, ТВИТЕР, ГУГЛ И ЈУТЈУБ ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИТЕАдвокатите на Фејсбук, Твитер и на Гугл сведочеа пред подкомитетот на Сенатот, што ја истражува вмешаноста на Русија во ланската претседателска кампања во САД (Фото: АП)

    Како што се дознава дека руски постови допреле до повеќе американски гласачи отколку што првично се мислеше, Фејсбук, Твитер и Гугл заеднички се огласија за да ги одбранат своите безбедносни мерки, ветувајќи му на Сенатот дека ќе сторат повеќе, за да ја спречат злоупотребата на нивните платформи однадвор во иднина.

    Главните адвокати на трите технолошки гиганти сведочеа пред подкомитетот на Сенатот, што ја истражува наводната вмешаност на Русија во ланската претседателска кампања во САД.

    Сенаторката Линдзи Грем изјави дека платформите на овие социјални мрежи „биле користени од луѓе кои нѝ сакаат лошо и сакаат да го прекинат нашиот начин на живот“.

    Според податоците на Фејсбук, постовите на Руската интернет истражувачка агенција биле видени од 126 милиони Американци. Оваа агенција објавила 80.000 постови на 120 страници меѓу јануари 2015 и август 2017 година и тие се разликуваат од над 3.000 реклами, кои, исто така, се поврзуваат со Русија.

    Твитер објави дека открил и згаснал 2.752 налози, кои се поврзуваат со оваа агенција, која промовира провладини ставови.

    И Гугл призна дека открил докази за ограничена злоупотреба на нивните сервиси од страна на руската група, како и 18 канали на Јутјуб зад кои стојат руски агенти. На овие канали имало 43 часа материјал, кои имале 309.000 прегледи во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира