15-ГОДИШНИК ОСТАНА БЕЗ РАКА ПО ЕКСПЛОЗИЈА НА ПОЛИЦИСКА ГРАНАТА НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈА

    15-ГОДИШНИК ОСТАНА БЕЗ РАКА ПО ЕКСПЛОЗИЈА НА ПОЛИЦИСКА ГРАНАТА НА УЧЕНИЧКИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ФРАНЦИЈАНајмалку 190 ученици се повредени откако започнаа протестите минатиот месец (Фото: Гети)

    На 15-годишно момче му била откината рака за време на судир помеѓу полицијата и демонстрантите во близина на училиште во Франција, додека низ земјата продолжуваат ученичките протести. Инцидентот се случил во североисточниот град Ленс утрово, според префектот на департманот Па-де-Кале, Франсоа-Ксавие Лош.

    „Животот на ученикот не е во опасност“, рече тој, додавајќи дека тинејџерот бил многу брзо префрлен во болница.

    Извор од полицискиот синдикат кажа дека ученикот наводно кренал граната испукана од полицијата за разбивање демонстрации, при што таа експлодирала во неговата рака. Ова беше демантирано од очевидци.

    Околу 500 училишта низ земјата денеска беа делумно или целосно затворени поради ученичките протести поврзани со состојбата на училишните згради, недостигот на наставници и пренатрупаните училници, кои изминативе денови доведоа до судири со полицијата.

    Според министерот за образование Едуар Жефре, најмалку 190 ученици се повредени откако започнаа протестите минатиот месец, а илјадници лица се уапсени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира