17 ПОВРЕДЕНИ ВО НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЗАГРЕБ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 140 ГОДИНИ, ОШТЕТЕНА И КАТЕДРАЛАТА

    17 ПОВРЕДЕНИ ВО НАЈСИЛНИОТ ЗЕМЈОТРЕС ВО ЗАГРЕБ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 140 ГОДИНИ, ОШТЕТЕНА И КАТЕДРАЛАТАЧленови на навивачката група „Бед блу бојс“ помогнаа да се преселат инкубаторите од загрепското родилиште (Фото: Индекс)

    Седумнаесет луѓе се повредени во земјотресот што утрово го погоди Загреб, вклучувајќи 15-годишно девојче, чија состојба и натаму е критична. Таа била тешко повредена кога врз неа паднале делови од покрив од една зграда и лекарите изјавија дека има повреди на мозокот кои се опасни по живот.

    Првиот и најсилен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтерова скала, се случи во 6:24 часот и неговиот епицентар бил на седум километри северно од Загреб, на длабочина од десет километри. Потоа биле регистрирани уште десетици земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од пет степени.

    Среде пандемијата на коронавирусот, војската излезе на улиците за да одржува ред. Властите објавија дека во земјотресот се оштетени 66 згради, вклучувајќи ја и катедралата, едно од обележјата на градот, на која што се урнал врвот на една од кулите.

    „Земјотресот е опасен, но коронавирусот уште повеќе“, изјави министерот за здравство Вили Берош, откако луѓето избегале од своите домови и почнале да се собираат во паркови.

    Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека ова е најтешкиот земјотрес што го погодил Загреб во последните 140 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира