2.500 ЕВРА КАЗНА ЗА РОДИТЕЛИ ШТО НЕ ГИ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ, НОВ ЗАКОН ВО ГЕРМАНИЈА

    2.500 ЕВРА КАЗНА ЗА РОДИТЕЛИ ШТО НЕ ГИ ВАКЦИНИРААТ ДЕЦАТА ЗА МАЛИ СИПАНИЦИ, НОВ ЗАКОН ВО ГЕРМАНИЈА„Сакам да ги истребиме малите сипаници. Секое дете што оди во градинка или во училиште треба да биде вакцинирано против мали сипаници. Кој нема да ги вакцинира децата се соочува со казна од 2.500 евра“, вели министерот за здравство на Германија Јенс Шпан за новиот предлог-закон (Фото: Шпигел)

    Родителите кои нема да ги вакцинираат децата за мали сипаници може да добијат казни од илјадници евра, според новиот предлог-закон во Германија. Министерот за здравство на Германија Јенс Шпан поднесе нацрт-закон, со кој невакцинираните деца ќе бидат исклучени од згрижување во јасли и во градинка. Неговата иницијатива доаѓа во време кога во земјата има голема дебата дали вакцинацијата со МРП вакцината треба да биде задолжителна.

    „Сакам да ги истребиме малите сипаници. Секое дете што оди во градинка или во училиште треба да биде вакцинирано против мали сипаници. Кој нема да ги вакцинира децата се соочува со казна од 2.500 евра“, изјави Шпан за „Билд“, кој кажа дека според неговиот предлог-закон родителите треба да покажат доказ дека децата се вакцинирани.

    Шпан рече дека верува оти има поддршка за неговиот предлог-закон од нивната владејачка коалиција на конзервативците на канцеларката Ангела Меркел, како и левичарските социјалдемокарти (СПД).

    Неговите изјави доаѓаат 24 часа откако британскиот министер за здравство Мат Ханкок рече дека луѓето кои ги шират митовите за штетноста од вакцините имаат „крв на рацете“, и одби да ја исклучи можноста за воведување задолжителната имунизација.

    „Вакцините се добри за вас, за вашите деца и за вашите соседи кои можеби имаат медицинска состојба и ги спречува да се вакцинираат. Оние кои ги промовираат антивакциналните митови се морално виновни, длабоко неодговорни и имаат крв на рацете“, додаде тој.

    Тој ова го изјави по истражувањето на „Тајмс“, дека 40.000 британски родители се членови на онлајн група која повикува децата да останат невакцинирани против животозагрозувачка болест.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира