2019 БЕШЕ ЕДНА ОД НАЈБЕЗБЕДНИТЕ ГОДИНИ ЗА АВИОСООБРАЌАЈОТ ДОСЕГА

    2019 БЕШЕ ЕДНА ОД НАЈБЕЗБЕДНИТЕ ГОДИНИ ЗА АВИОСООБРАЌАЈОТ ДОСЕГАВо авионските несреќи во 2019 година загинале 257 луѓе, од кои 157 само во една, на „Етиопијан ерлајнс“ во март (Фото: АП)

    Бројката на загинати во големи авионски несреќи во 2019 година паднала за повеќе од 50%, се вели во студија за авијациската индустрија.

    Минатата година се забележени 257 загинати, додека во 2018 ги имало 534, објави консултантската фирма „То70“. Ова е веќе постојан тренд во авиоиндустријата, иако бројката на авионски летови значително се зголеми.

    Во 2019 имало 86 инциденти кои вклучуваат големи комерцијални авиони и во нив загинале 257 луѓе, од кои 157 само во една несреќа, на „Етиопијан ерлајнс“ во март. Според извештајот, на 5,58 милиони летови имало само една несреќа на голем комерцијален авион со фатални последици.

    „Минатата година беше една од најбезбедните за авиоиндустријата во историјата“, објави сајтот „Aviation Safety Network“.

    Во 2018 година биле регистрирани 160 инциденти, од кои 13 фатални, во кои загинале 534 луѓе. Најбезбедната година досега е 2017, кога не се урнал ниту еден голем патнички авион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира