Четворица загинаа и 49 се повредени откако автомобил се судри со туристички автобус утринава во Грција на патот Евзони-Солун, во близина на Кукуш. Првично, три лица, патници во автомобилот беа загинати, а потоа во болница почина уште едно лице од автомобилот.
Во двокатниот српски автобус, кој се преврте по судирот, има 49 повредени, од кои 13 се пренесени во болница во Солун, а 33 во болница во Кукуш.
Туристичкиот автобус со 81 патник, за кој грчките медиуми јавија дека бил полн со српски туристи на пат за Аспровалта, се движел во правец на Солун, кога од засега непознати причини се судрил директно со грчкиот автомобил, кој доаѓал од спротивна насока.
По судирот, налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил. Во него биле мајка и дете, кои не се повредени.