40 ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКО НА ТЕНЕРИФЕ, СЕ УРНАЛ ПОДИУМОТ, ПРОПАДНАЛЕ ВО ПОДРУМ

    40 ПОВРЕДЕНИ ВО ДИСКО НА ТЕНЕРИФЕ, СЕ УРНАЛ ПОДИУМОТ, ПРОПАДНАЛЕ ВО ПОДРУМПовредените паднале во подрумот од висина од околу еден кат, велат регионалните власти на Тенерифе (Фото:ЕПА)

    Подиумот за танцување во ноќен клуб на канарскиот остров Тенерифе се урнал рано утрово при што се повредени 40 луѓе, јавија локалните власти.  Гостите пропаднале низ подиумот во подрумот на диско клубот „Батерфлај“ околу 2.30 часот по локално време.

    Неколку луѓе имаат скршеници на коските, вклучувајќи и фрактури на нозете. Клубот е сместен во шопинг центарот на Плаја де лас Америка, центар за забава на југот на шпанскиот остров, кој е популарен кај туристите во овој период од годината. Повредените рекле дека се од неколку различни земји, меѓу кои Шпанија, Франција, Велика Британија, Белгија и Романија.

    Бројот на повредени се искачи од 22 на 40, бидејќи 18 од нив сами стигнале до болниците. Двајца клабери се со сериозни повреди, со фрактури на бутот. За другите се смета дека имаат полесни повреди. Службите за итна помош неколку часа под урнатините ги евакуирале повредените.

    „ Откако подиумот се урна, луѓето кои биле внатре пропаднале во подрумот од висина од околу еден кат“, соопшти регионалната влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира