47 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ШКОЛСКИ АВТОБУС СЕ ЗАБИ ВО КУЌА ВО ГЕРМАНИЈА

    47 ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО ШКОЛСКИ АВТОБУС СЕ ЗАБИ ВО КУЌА ВО ГЕРМАНИЈААвтобусот излегол од својата лента и удрил во неколку автомобили, пред да се забие во ѕидот на куќата (Фото: ДПА)

    Училишен автобус се удри во куќа во југозападна Германија и повредени се 47 луѓе, од кои десет се со сериозни повреди.

    Mеѓу повредените има и деца, кажа портпаролот на полицијата од градот Ебербах во државата Баден-Виртемберг, каде што се случи несреќата утрово.

    Автобусот излегол од својата лента и удрил во неколку автомобили, пред да се забие во ѕидот на куќата, додаде портпаролот на полицијата во Манхајм.

    Автобусот секое утро носи деца од околните села во училиштето во Ебербах, кажа полицијата. Во спасувањето се вклучени и хелихоптери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира