61 ЗАРАЗЕН НА КРУЗЕРОТ ВО ЈОКОХАМА, ВО КИНА ПОЧИНА ЛЕКАРОТ КОЈ ПРВ ПРЕДУПРЕДИ НА КОРОНАВИРУСОТ

    61 ЗАРАЗЕН НА КРУЗЕРОТ ВО ЈОКОХАМА, ВО КИНА ПОЧИНА ЛЕКАРОТ КОЈ ПРВ ПРЕДУПРЕДИ НА КОРОНАВИРУСОТКрузерот „Дајмонд принсес“ останува во карантин, додека Јапонија почна и да одбива бродови (Фото: АП)

    Јапонија објави дека 61 лице е заразено со коронавирусот на крузерот што беше ставен во карантин во пристанишето во Јокохама, додека бројката на смртни случаи во Кина се зголеми на 636, вклучувајќи го и лекарот кој прв испрати предупредување за новиот вирус.

    Триесет и четиригодишниот Ли Венлијанг починал откако се заразил со вирусот лекувајќи пациенти во Вухан. Во декември, тој се обидел да ја извести јавноста за нов вирус налик на Сарс, но полицијата го предупредила да престане да дава лажни информации и го ставила под истрага поради „ширење на шпекулации и нарушување на јавен ред“.

    Комунистичката партија на Кина, која пред неколку денови призна дека имало пропусти во првичната реакција по појавата на вирусот, соопшти дека ќе испрати истражувачки тим за да се испита случајот, кој предизвика голем револт на социјалните мрежи во земјата.

    За тоа време, илјадници патници остануваат во 14-дневен карантин на двата крузера во Јапонија и Хонгконг. На крузерот „Дајмонд принсес“ во Јокохама, на кој има 3.700 луѓе, до вчера имаше 20 заразени со коронавирусот, по што оваа бројка нагло скокна.

    Во Јапонија денеска стапува на сила нова имиграциска политика, со цел да се спречи ширењето на вирусот во земјата. Токму од тие причини, на крузер со 2.000 луѓе не му беше дозволено да влезе во едно од пристаништата во Окинава.

    „Сите почнуваат да одбиваат бродови и веќе стануваме очајни. Се надеваме дека ќе можеме да застанеме некаде, за да можат патниците да се симнат“, изјави Мие Мацубара, претставник на туристичката агенција „Оверсиз“.

    Бројката на заразени сега изнесува повеќе од 30.000.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира