655 МРТВИ И НАД 8.500 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО ШПАНИЈА

    655 МРТВИ И НАД 8.500 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ВО ШПАНИЈАШпанија ја надмина бројката од 4.000 починати (Фото: АФП)

    Шпанија објави дека во земјата во последните 24 часа починале 655 луѓе од КОВИД-19, што е 83 помалку во однос на вчера, кога беше остварен црн рекорд.

    Со тоа, вкупната бројка мртви во Шпанија порасна на 4.089.

    Во исто време, Министерството за здравство кажа дека има и повеќе од 8.000 новозаразени.

    Со новите 8.578 случаи, во земјата досега се регистрирани 56.188 заразени со коронавирус. Најтешко погодена област е главниот град Мадрид, каде што има над 17.000 заразени.

    Вонредната состојба во Шпанија вчера беше продолжена до 12 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира