837 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, КАРАНТИНОТ ПРОДОЛЖЕН ДО 12 АПРИЛ

    837 МРТВИ ОД КОВИД-19 ВО ИТАЛИЈА, КАРАНТИНОТ ПРОДОЛЖЕН ДО 12 АПРИЛБројката новозаразени продолжи да се намалува (Фото: Ројтерс)

    Втор ден по ред Италија забележа пораст на бројот на мртви од КОВИД-19, откако во последните 24 часа починале 837 луѓе, 25 повеќе во споредба со вчера.

    Италија сега е на бројката од 12.428 починати од КОВИД-19.

    Бројката новозаразени продолжи да се намалува и за еден ден се регистрирани нови 4.023 случаи, од кои една четвртина се во северниот регион Ломбардија.

    Од почетокот на кризата, во Италија има вкупно 105.792 заразени со коронавирусот и само САД имаат повеќе (речиси 175.000). Од нив, излекувани се 15.729 луѓе, од кои над 1.100 во последните 24 часа.

    Италијанската влада вчера донесе одлука за продолжување на националниот карантин до Велигден на 12 април.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира