86-ГОДИШЕН ФРАНЦУЗИН СЕ ИЗВИНИ ЗА УЛОГАТА НА НЕГОВИТЕ ПРЕДЦИ ВО ТРГОВИЈАТА СО РОБОВИ

    86-ГОДИШЕН ФРАНЦУЗИН СЕ ИЗВИНИ ЗА УЛОГАТА НА НЕГОВИТЕ ПРЕДЦИ ВО ТРГОВИЈАТА СО РОБОВИНа собирот во Нант, Гијон де Принс рече дека француските семејства треба да се соочат со својата историја и побара од државата да преземе чекори кои одат подалеку од симболичните гестови, вклучувајќи и исплата на репарации. (Фото: Ле кок номад)

    86-годишниот Пјер Гијон де Принс упати формално извинување за учеството на неговото семејство во трансатлантското ропство, што се смета за прв ваков случај во Франција од страна на поединец. Неговите предци биле сопственици на бродови во Нант, најголемиот центар за трговија со луѓе во земјата, преку кои биле транспортирани околу 4.500 Африканци. Семејството поседувало и плантажи на Карибите.

    На собирот во Нант, Гијон де Принс рече дека француските семејства треба да се соочат со својата историја и побара од државата да преземе чекори кои одат подалеку од симболичните гестови, вклучувајќи и исплата на репарации. Тој објасни дека чувствува одговорност да не дозволи минатото да се избрише во време кога во општеството расте расизмот.

    Заедно со него беше и Диедоне Бутрин, чии предци биле робови на островот Мартиник. Тие соработуваат во здружението „Coque Nomade Fraternité“, чија цел е да го прекине молкот за ропството. Бутрин го оцени извинувањето како храбар чин, велејќи дека многу наследници на трговци со робови молчат поради страв од отворање стари рани и гнев.

    Иако Франција во 2001 година го прогласи ропството за злосторство против човештвото, државата сè уште нема упатено официјално извинување. Се проценува дека Франција учествувала во трговијата со 1,3 милиони луѓе. Иако претседателот Емануел Макрон овозможи поголем пристап до архивите за колонијалното минато, Франција во март беше воздржана во Обединетите нации за резолуцијата со која се бараа репарации за ова историско злосторство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира