90 ОТСТО ОД ЕКИПАЖИТЕ НА „ВИЗЕР“ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ТРЕБА ДА ПРАВАТ ТЕСТОВИ НА СВОЈ ТРОШОК

    90 ОТСТО ОД ЕКИПАЖИТЕ НА „ВИЗЕР“ СЕ ВАКЦИНИРАНИ ПРОТИВ КОВИД-19, НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ТРЕБА ДА ПРАВАТ ТЕСТОВИ НА СВОЈ ТРОШОКАвиокомпанијата за вработените организираше вебинари и консултации со виролози за да се едуцира персонал за вакцините.(Фото: Виз ер)

    Деведесет отсто од екипажите на авиокомпанијата „Визер“ се вакцинирани против ковид-19. Од компанијата информираат дека членовите на екипажите имале рок да се вакцинираат до 1 декември. Оние кои тоа не го сториле треба редовно да се тестираат на свој трошок со антиген или ПЦР тест.

    „Ваквата одлука ја покажува посветеноста на авиокомпанијата за заштита на здравјето и безбедноста на патниците и вработените. Сите истражувања покажаа дека вакцината е безбедна и е најдобра заштита од вирусот, па затоа донесовме одлуката да се бара од екипажот да има вакцина против ковид-19“, велат од „Визер“.

    Унгарскиот нискобуџетен авиопревозник кој има своја база со неколку авиони и на Скопскиот аеродром соопшти дека компанијата организирала вебинари и консултации со виролози за да го едуцираат персоналот и да одговорат на сите прашања што можеби ги имале  вработените околу ковид-19, безбедноста на вакцините и значењето на имунизацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира