99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦ

    99-ГОДИШНИОТ ПРИНЦ ФИЛИП ИЗЛЕЗЕ ОД БОЛНИЦА ПОСЛЕ ЕДЕН МЕСЕЦФилип на 10 јуни треба да наполни 100 години (Фото: Вајримиџ)

    Принцот Филип излезе од болница во централен Лондон откако еден месец беше под надзор на лекарите.

    Деведесет и деветгодишниот сопруг на кралицата Елизабета Втора беше примен во болница на 16 февруари зашто не се чувствувал добро. Како што кажаа од Бакингамската палата, тој потоа бил подложен на успешна процедура за претходна срцева состојба. Во болница помина 28 ноќи, што му е најдолго досега.

    Точната причина за прием во болница не беше објавен, но Бакингамската палата кажа дека не било поврзано со коронавирус.

    Откако почна пандемијата, Филип и Елизабета, кои се во брак веќе 73 години, го поминуваат времето во замокот Виндзор и во јануари ја примија првата доза од вакцината против ковид-19. Филип на 10 јуни треба да наполни 100 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира