АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ЛЕКОВИ НА САД ЈА ПРЕПОРАЧА ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА САМО ЗА ЛИЦАТА НАД 65 ГОДИНИ

    АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА И ЛЕКОВИ НА САД ЈА ПРЕПОРАЧА ТРЕТАТА ДОЗА НА КОВИД ВАКЦИНАТА САМО ЗА ЛИЦАТА НАД 65 ГОДИНИОд ФДА велат дека научните факти не ја оправдуваат широката употреба на третата доза (Фото: АП)

    Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) ја препорача употребата на третата доза на ковид вакцината на „Фајзер“ само за лицата над 65 години и за високоризичните групи. Нејзиниот советнички панел гласаше против одобрувањето на третата доза за сите над 16 години, што претставува удар за претседателот Џо Бајден, кој најавуваше дека таа ќе биде достапна за широка употреба уште следната недела.

    Многумина од независните експерти во советничкиот панел кажаа дека научните факти не ја оправдуваат широката употреба на третата доза. Тие исто така сметаат дека таа нема да има значително влијание врз текот на пандемијата.

    Некои од експертите сугерираа дека овие дополнителни дози би биле покорисни ако се дистрибуираат во делови од светот каде што многу луѓе сè уште не ја примиле ниту првата вакцина.

    Ако ги изземеме моралните и етичките прашања, постои и прашањето каде ќе се појави нова варијанта на коронавирусот. Тоа поверојатно ќе се случи на местата каде што има ниска стапка на вакцинирање“, изјави Моника Ганди, експертка за заразени болести и професорка на Универзитетот во Сан Франциско.

    Приврзаниците на идејата за трета доза велат дека податоците покажуваат дека делотворноста на вакцината на „Фајзер“ се намалува од 96% на 84% по четири месеци. Од „Фајзер“ тврдат дека третата доза повторно ја враќа ефективноста на 95%, вклучувајќи го и делта сојот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира