АКО НЕ МУ ДАДЕМЕ НА БАЛКАНОТ ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА, ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВОЈНИТЕ ОД 90-ТЕ, ВЕЛИ ЈУНКЕР

    АКО НЕ МУ ДАДЕМЕ НА БАЛКАНОТ ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА, ЌЕ СЕ ВРАТАТ ВОЈНИТЕ ОД 90-ТЕ, ВЕЛИ ЈУНКЕРШефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер зборуваше за перспективите на земјите од Западен Балкан на дебата за иднината на Европа во Европскиот парламент во Стразбур. (Фото: Ројтерс)

    Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер кажа дека Европската унија треба да биде отворена за примање нови членки од Западен Балкан за да се избегне ризикот од нова војна во регионот.

    „Ако не се отвориме кон земјите од тој многу комплициран и трагичен регион и ако не им ја отвориме европската перспектива, ќе видиме како се враќаат војните во таа област како што гледавме во 1990-те“, кажа Јункер на дебата за иднината на Европа во Европскиот парламент во Стразбур.

    „Јас не сакам да видам враќање на војните на Балканот, па затоа мораме да се отвориме кон нив“, додаде Јункер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира