ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ, ЏОНСОН ВЕЛИ ЛУЃЕТО САМИ ЌЕ СИ БИДАТ ОДГОВОРНИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТ

    ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ КОВИД МЕРКИ, ЏОНСОН ВЕЛИ ЛУЃЕТО САМИ ЌЕ СИ БИДАТ ОДГОВОРНИ КАКО ДА СЕ ЗАШТИТАТЏонсон изјави дека конечната одлука ќе биде донесена на 12 јули (Фото: АП)

    Борис Џонсон изјави дека се очекува бројот на нови случаи на коронавирус во Велика Британија да порасне до 50.000 за две недели, но сепак го изнесе владиниот план за целосно отворање на земјата на 19 јули. Сепак, конечната одлука за тоа ќе биде донесена седум дена порано, по анализата на најновите податоци.

    „Бројот на заразени забрзано расте. До 19 јули би можеле да бидат 50.000 на ден. Владата мора да реши дали е безбедно да се отвориме сега. Ако не се отвориме сега кога постигнавме толку многу со вакцинирањето, тогаш не знам кога“, кажа Џонсон.

    Според планот на владата, луѓето сами ќе решаваат што е безбедно, место нивното однесување да се одредува со закони. Се отвораат сите бизниси, вклучувајќи ги и ноќните клубови и се укинуваат мерките за задолжително носење маска и одржување дистанца од еден метар. Луѓето веќе нема да се советуваат да работат од дома, а ковид сертификатите нема да се бараат за влез во местата.

    „Сакаме ситуација во која луѓето ќе се потпираат на сопствената одговорност. Мора да останеме претпазливи и барам од луѓето така да се однесуваат“, изјави Џонсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира