АКО РУСИЈА ПОБЕДИ, МОЖЕ ДА ИМА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, КАЖА УКРАИНА ПРЕД КЛУЧНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС

    АКО РУСИЈА ПОБЕДИ, МОЖЕ ДА ИМА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, КАЖА УКРАИНА ПРЕД КЛУЧНОТО ГЛАСАЊЕ ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА СТРАНСКА ПОМОШ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕССпикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, продолжува со својот план да се гласа за четири одделни нацрт-закони овој викенд (Фото: АП)

    Украина вели дека би можело да има трета светска војна ако ја изгуби војната од Русија и уште еднаш го повика американскиот Конгрес да го усвои заглавениот закон за странска помош.

    Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, продолжува со својот план овој викенд да се гласа за четири одделни нацрт-закони за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот, иако двајца републиканци се заканија дека ќе го сменат ако го дозволи тоа. Најголем дел е предвиден за Украина – 61 милијарда долари, што во Конгресот е блокирано веќе со месеци и значително се одразува врз ситуацијата на фронтот.

    Украинскиот премиер Денис Шмихал изрази умерен оптимизам дека американските пратеници ќе го изгласаат законот.

    Ни требаат овие пари вчера, не утре или денеска. Ако не се одбраниме, Украина ќе падне и глобалниот безбедносен систем ќе биде уништен и целиот свет ќе мора да пронајде нов безбедносен систем. Или ќе има многу конфликти и војни, што на крајот може да доведе до трета светска војна“, кажа Шмихал.

    Ова не е првпат Украина да издаде вакво предупредување. Претседателот Зеленски уште лани кажа дека ако Русија победи, потоа би можела да ја нападне Полска, што беше отфрлено од Кремљ како смешно.

    Некои републиканци бараат прво да се реши прашањето на безбедноста на американско-мексиканската граница, пред да се одобри помош за Украина. Џонсон навести дека последното гласање за нацрт-законите се очекува в сабота вечер. Ако Домот ги усвои, тие потоа ќе бидат испратени на гласање во Сенатот, каде што пакетот од 95 милиони долари веќе беше поддржан во февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира