АКТЕРКАТА ФЕЛИСИТИ ХАФМАН ДОБИ 14 ДЕНА ЗАТВОР ЗА ПОТКУП ЗА УПИС НА ЌЕРКАТА НА ФАКУЛТЕТ

    АКТЕРКАТА ФЕЛИСИТИ ХАФМАН ДОБИ 14 ДЕНА ЗАТВОР ЗА ПОТКУП ЗА УПИС НА ЌЕРКАТА НА ФАКУЛТЕТХафман е обвинета дека дала мито од 15.000 долари за да се исправат одговорите од испитот на ќерка ѝ (Фото: АП)

    Актерката Фелисити Хафман, која се прослави со серијата „Очајни домаќинки“, доби 14 дена затвор за учество во скандалот со уписи на факултет. Таа призна дека во 2017 година платила 15.000 долари за да бидат исправени одговорите од испитот на нејзината ќерка.

    Хафман исто така беше осудена на 250 часови општокорисна работа и ќе мора да плати казна од 30.000 долари.

    Педесетина родители и спортски тренери се обвинети дека учествувале во оваа шема, но не и нивни деца.

    „Не постојат оправдувања за моите постапки. Точка. Сакам, пред сѐ, да ѝ се извинам на мојата ќерка, а потоа и на моето семејство и на образовната заедница за моите акции“, изјави Хафман.

    Судијката Индира Талвани изјави дека верува дека Хафман презела целосна одговорност за своите постапки, но не може да биде оправдување дека „сакала да биде добра мајка“. Хафман мора да се пријави во затвор во наредните шест недели.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари