АКТЕРКИТЕ ФЕЛИСИТИ ХАФМАН И ЛОРИ ЛАХЛИН МЕЃУ 50-МИНА ОБВИНЕТИ БОГАТАШИ КОИ СО МИТО СИ ГИ ЗАПИШАЛЕ ДЕЦАТА НА ЕЛИТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ

    АКТЕРКИТЕ ФЕЛИСИТИ ХАФМАН И ЛОРИ ЛАХЛИН МЕЃУ 50-МИНА ОБВИНЕТИ БОГАТАШИ КОИ СО МИТО СИ ГИ ЗАПИШАЛЕ ДЕЦАТА НА ЕЛИТНИ УНИВЕРЗИТЕТИХафман и Лахлин се дел од најголемиот криминален скандал во историјата на американскиот образовен систем, во кој преку консултантска фирма во Калифорнија родителите вкупно дале околу 25 милиони долари за нивните деца со сигурност да бидат примени на престижните универзитети, меѓу кои и Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Универзитетот на Јужна Калифорнија и други (Фото: АП)

    Холивудските актерки Фелисити Хафман и Лори Лахлин се меѓу 50-темина обвинети за учество во криминалната шема со која богати родители преку консултантска фирма плаќале мито за тренери од колеџ и луѓе од центрите за тестирање, за да си ги запишат децата на најелитните универзитети САД. Американските обвинители соопштија дека во овој најголем криминален скандал во историјата на американскиот образовен систем, преку Вилијам Рик Сингер, основачот конуслтантската компанија „Еџ колеџ енд кариер нетворк“ во Калифорнија, родителите вкупно дале околу 25 милиони долари за нивните деца со сигурност да бидат примени на престижните универзитети, меѓу кои и Јеил, Џорџтаун, Стенфорд, Универзитетот на Јужна Калифорнија и други.

    Хафман, која заедно со сопругот оскаровец Вилијам Х. Мејси се меѓу најпознатите холивудски актерски двојки, платила 15.000 долари за почеток на уписот на 18-годишната ќерка (Фото: АП)

    Обвиненија се поднесени против 33 родители, меѓу кои и актерките Фелисити Хафман, која се прослави со улогата на Линет Скаво во серијата „Очајни домаќинки“ и Лори Лахлин од серијата „Полна куќа“, како и против уште 13 тренери и асистенти на Сингер. Меѓу родителите има и реномирани бизнисмени и еден директор на адвокатска фирма. Дел од инкриминираните универзитети веќе отпуштиле нивните вработени кои се обвинети во скандалот. Засега ниедно од децата на богаташите не е уапсено за учество во шемата, но обвинителството не ја исклучува можноста тоа да се случи понатаму во истрагата.

    Лахлин и сопругот дизајнер Мосимо Џанули платиле 500.000 долари за обете ќерки да се запишат на факултет (Фото: АП)

    Хафман, која заедно со сопругот оскаровец Вилијам Х. Мејси се меѓу најпознатите холивудски актерски двојки, платила 15.000 долари за почеток на уписот на 18-годишната ќерка. Вчера беше уапсена и пуштена со кауција од 250.000 долари. Лахлин и сопругот дизајнер Мосимо Џанули платиле 500.000 долари за обете ќерки да се запишат на факултет. Џанули вчера беше уапсен и пуштен со кауција од милион долари, а Лахлин беше приведена откако слетала на аеродромот во Лос Анџелес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира