АКТИВИСТКАТА ЗУЗАНА ЧАПУТОВА СТАНА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СЛОВАЧКА

    АКТИВИСТКАТА ЗУЗАНА ЧАПУТОВА СТАНА ПРВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СЛОВАЧКА45-годишната Зузана Чапутова, адвокатка која речиси нема политичко искуство, е поддржана од малата партија Напредна Словачка која нема парламентарен претставник, а изборите ги формулираше како битка меѓу доброто и злото (Фото: АП)

    Aктивистката за борба против корупцијата Зузана Чапутова стана првата претседателка на Словачка, по вчерашната победа во вториот круг на претседателските избори. 45-годишната Чапутова, адвокатка која речиси нема политичко искуство, е поддржана од малата партија Напредна Словачка која нема парламентарен претставник, а изборите ги формулираше како битка меѓу доброто и злото.

    Таа освои 58,3 отсто од гласовите, пред комесарот на ЕУ за конкурентност и потпретседател на Европската комисија Марош Шефчович поддржан од владејачката популистичка левичарска партија Смер-СД која е најголема партија во парламентот, кој освои 41,7 отсто.

    Предвидувањата беа дека гласачите ќе ја казнат владејачката Смер-СД една година по убиството на новинарот Јан Куцијак, што предизвика масовни протести. Куцијак истражуваше врски меѓу политичарите и организираниот криминал и беше убиен заедно со свршеницата лани во февруари, што ги поттикна најголемите улични протести во Словачка по падот на комунизмот во 1989 и поради што падна владата на поранешниот премиер Роберт Фико.

    Чапутова изјави дека поради убиството на Куцијак решила да се кандидира за претседателка, функција што има главно церемонијална улога во земјата. Таа се прослави како адвокатка кога го презеде случајот за дива депонија што траеше 14 години. Разведена е и има две деца, а во земјата каде што не е дозволен истополов брак и посвојување, нејзините либерални ставови ги промовираат правта на ЛГБТ+ заедницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира