АЛБАНИЈА ИСПРАТИ 30 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА ИТАЛИЈА

    АЛБАНИЈА ИСПРАТИ 30 ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ДА Ѝ ПОМОГНАТ НА ИТАЛИЈААлбанските здравствени работници ќе бидат распоредени во болници во Бреша и Бергамо (Фото: Анса)

    Триесет здравствени работници од Албанија пристигнаа во Италија за да помогнат во борбата со коронавирусот.

    „Вие ни помагавте и нѐ поддржувавте 30 години и ова е најмалку што можеме да направиме за италијанскиот народ“, изјави 35-годишна медицинска сестра, која е дел од албанскиот тим.

    Италијанскиот премиер Џузепе Конте се заблагодари на Твитер откако 10 албански лекари и 20 медицински сестри пристигнаа синоќа на римскиот аеродром „Фјумичино“. Тие ќе бидат распоредени во болници во Бреша и Бергамо, каде што ситуацијата е критична поради секојдневен пораст на бројот на заразени.

    „Свесна сум што се случува во овие градови, но не сум уплашена“, кажа оваа медицинска сестра, додавајќи дека 15 години живеела во Неапол.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира