АЛЕК БОЛДВИН СЛУЧАЈНО УБИ СНИМАТЕЛКА НА СНИМАЊЕ НА ФИЛМ

    АЛЕК БОЛДВИН СЛУЧАЈНО УБИ СНИМАТЕЛКА НА СНИМАЊЕ НА ФИЛМИнцидентот се случил кога Болдвин празнел пиштол реквизит (Фото: Гети)

    Една жена почина откако била застрелана од актерот Алек Болдвин со пиштол реквизит на филмски сет во Ново Мексико. Жртвата е идентификувана како 42-годишната снимателка Халина Хачинс, а повреден е режисерот Џоел Соуза.

    Полицијата на Ново Мексико соопшти дека трагичниот инцидент се случил кога Болдвин го празнел пиштолот на сетот на вестерн филмот „Раст“. Таа ја истражува несреќата на ранчот Бонанца Крик и засега против никого не се покренати обвиненија.

    Хачинс починала во болница од здобиените повреди, додека состојбата на 48-годишниот Соуза не е позната. Локалните медиуми објавија дека Болдвин плачел пред канцеларијата на шерифот, при што не успеале да добијат изјава од него.

    „Болдвин зборуваше со детективите. Дојде доброволно и замина откако даде изјава“, изјави портпаролот на полицијата на Санта Фе.

    Хачинс дипломирала на Американскиот филмски институт во 2015 и беше прогласена за „ѕвезда во подемот“ од магазинот „Американ кинематографер“ во 2019.

    „Деталите се нејасни во моментов, но работиме на тоа да дознаеме повеќе“, соопшти претседателот на Меѓународното здружение на кинематографери Џон Линдли.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира