АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ГО НАПАДНА ИРАН ПО ИРАНСКИ НАПАД ВРЗ БРОД ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА ГО НАПАДНА ИРАН ПО ИРАНСКИ НАПАД ВРЗ БРОД ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦИран соопшти дека бродот бил нападнат затоа што користел неовластена рута за транзит низ Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Американската војска изврши напади врз ирански цели откако Доналд Трамп го обвини Иран за „глупаво кршење“ на примирјето по нападот врз товарен брод во Ормускиот Теснец. Централната команда на војската (Сентком) соопшти дека нападнала складишта за ракети и беспилотни летала и крајбрежни радари.

    Се наведува дека нападите биле одговор на нападот со дронови врз товарен брод во четвртокот, инцидент што ја спречи планираната евакуација на илјадници морнари заглавени во регионот. Иран соопшти дека бродот бил нападнат затоа што користел неовластена рута за транзит низ Теснецот.

    Неоправданата агресија врз комерцијалниот бродски превоз од страна на иранските сили очигледно го прекрши прекинот на огнот. Опасното однесување на Иран ја поткопа слободата на пловидба“, соопшти Сентком.

    Иранската револуционарна гарда кажа дека одговорила на американскиот напад со напади врз американски позиции во регионот, без да наведе детали.

    Ова се случува десет дена откако САД и Иран потпишаа меморандум за разбирање, со кој започна 60-дневен период на преговори за постигнување конечен договор за завршување на војната. Тој вклучи повторно отворање на Ормускиот Теснец.

    Доколку Иран има несогласувања околу тоа како се применува меморандумот за разбирање, може да се јави на телефон. Но, на насилство ќе биде одговорено со насилство“, рече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

    Ебрахим Азизи, шефот на комисијата за национална безбедност на иранскиот парламент, изјави дека САД повторно го нападнале Иран среде преговори.

    „Ова безобѕирно кршење на прекинот на огнот, како и секогаш, ќе доведе до повлекување и жалење од нивна страна. Играта на обвинувања повеќе не функционира“, рече Азизи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира