АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ ГИ АЛАРМИРАЛЕ АВСТРИЈЦИТЕ ЗА ЗАКАНА ПО КОНЦЕРТИТЕ НА ТЕЈЛОР СВИФТ, ПОТВРДИ БЕЛАТА КУЌА

    АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ ГИ АЛАРМИРАЛЕ АВСТРИЈЦИТЕ ЗА ЗАКАНА ПО КОНЦЕРТИТЕ НА ТЕЈЛОР СВИФТ, ПОТВРДИ БЕЛАТА КУЌАПортпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби. (Фото: Бела куќа)

    Австрија добила дојава од САД за терористичката закана по концертите на Тјелор Свифт во Виена кои беа откажани, потврди Белата куќа.

    Австриската полиција неделава уапси тројца осомничени за планирање терористички напад на концертите на американската поп-ѕвезда, а првоосомничен е 19-годишниот австриски државјанин Беран Алији, по потекло од Македонија. Тие планирале да убијат голем број луѓе на еден од трите закажани концерти, според австриските власти.

    Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби синоќа зборуваше со новинарите во врска со улогата на САД во обезбедувањето разузнавачки податоци.

    „САД има постојан фокус на нашата антитерористичка мисија. Ние тесно работиме со нашите партнери ширум светот за да ги следиме и нарушуваме заканите. И како дел од таа работа, САД споделија информации со австриските партнери за да се овозможи нарушување на закана по концертите на Тејлор Свифт во Виена“, кажа Кирби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира