АРГЕНТИНА Е ПРВАТА ГОЛЕМА ЗЕМЈА ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА ШТО ГО ЛЕГАЛИЗИРА АБОРТУСОТ

    АРГЕНТИНА Е ПРВАТА ГОЛЕМА ЗЕМЈА ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА ШТО ГО ЛЕГАЛИЗИРА АБОРТУСОТИлјадници демонстранти го поздравија гласањето во Сенатот во Буенос Аирес. (Фото: АП)

    Аргентина стана првата голема земја во Латинска Америка што го легализира абортусот, кога денеска Сенатот гласаше да се дозволи прекин на бременоста до 14-та недела, наспроти противењето на влијателната католичка црква.

    Гласањето помина со 38 гласови за, 29 против и еден воздржан, по маратонска дебата. Додека се читаше резултатот, толпа од илјадници демонстранти пред зградата на Сенатот во Буенос Аирес го поздравија веејќи ги зелените знамиња кои ја претставуваат нивната кампања, додека зелениот чад се издигнуваше над толпата.

    „Успеавме, сестри. Испишавме историја. Успеавме заедно. Нема зборови за овој момент, тој поминува низ телото и душата“, твитна Моника Мача, пратеничка на централно-левичарската владејачка коалиција на претседателот Алберто Фернандез, која го поддржа законот.

    Овој закон може да го постави тонот за поширока промена во конзервативната Латинска Америка, каде што има сè посилни барања за поголеми репродуктивни права на жените. Низ целиот регион, абортусите се легални само во комунистичка Куба, релативно малиот Уругвај и некои делови на Мексико.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира