АСТРАЗЕНЕКА ГИ ПОЧНА ЗАВРШНИТЕ ТЕСТОВИ НА КОКТЕЛ СО АНТИТЕЛА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КОВИД-19

    АСТРАЗЕНЕКА ГИ ПОЧНА ЗАВРШНИТЕ ТЕСТОВИ НА КОКТЕЛ СО АНТИТЕЛА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА КОВИД-19Коктелот со антитела може да биде корисен кај луѓе со компромитиран или слаб имун систем, кои вообичаено не реагираат на вакцини. - Од тестирање за антитела на коронавирус (Фото: СДК.МК)

    Британската компанија „АстраЗенека“ денеска почна со третата фаза тестови на експериментален лек за превенција на ковид-19 кај ризичните групи луѓе, кај кои нема да помогне вакцина. Во оваа фаза од тестирањето ќе учествуваат 5.000 луѓе од Европа и САД за да се утврди ефективноста на коктелот со антитела, познат како АЗД7442.

    Ваквиот третман се разликува од вакцината на тој начин што со него се воведуваат антитела, место да се предизвика имуниот систем да ги произведува. Може да биде корисен кај луѓе со компромитиран или слаб имун систем, кои вообичаено не реагираат на вакцини.

    Паралелно со развојот овој лек, британската фармацевтска компанија развива и вакцина во соработка со Универзитетот Оксфорд.

    „Она што го истражуваме во оваа студија е дали можеме да обезбедиме заштита давајќи антитела кои покажаа дека можат да го неутрализираат вирусот, со инекција во мускул. Се надеваме дека ова потоа ќе обезбеди доба заштита од инфекција со месеци“, вели Ендрју Устијановски, професор и водач на студијата во Британија.

    Моноклоналните антитела ги имитираат природните антитела кои телото ги произведува да се бори со инфекции. Тие можат да бидат произведени во лабораторија и веќе се користат за третман на некои видови рак.

    Од „АстраЗенека“ велат дека нивниот ковид-19 коктел, во кој се комбинирани два типа на моноклонални антитела, има потенцијал и за лекување на пациентите кои веќе се заразени со коронавирусот, но и како превентивен лек за здравствените работници кои се изложени на вирусот.

    Од британската компанија велат дека очекуваат коктелот да овозможува заштита од 6 до 12 месеци и додаваат дека практично станува збор за пасивна вакцинација.

    Американската влада минатиот месец ѝ додели 486 милиони долари на „АстраЗенека“ за да развие и обезбеди 100.000 дози од ковид-19 коктелот. Британската влада има договор со „АстраЗенека“ за милион дози од АЗД7442 ако биде успешна третата фаза од тестирањето.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира