АВСТРАЛИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НУЛА СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ПО ПЕТ МЕСЕЦИ

    АВСТРАЛИЈА РЕГИСТРИРАШЕ НУЛА СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ЗА ПРВПАТ ПО ПЕТ МЕСЕЦИПродавниците почнаа да се отвораат повторно во Мелбурн. (Фото: ЕПА)

    Австралија го регистрираше првиот ден без локални случаи на ковид-19 за првпат во речиси пет месеци.

    Нула случаи беа регистрирани во период од 24 часа од 20 часот во петокот до 20 часот во саботата, нешто што првпат се случува од 9 јуни. Државата Викторија, епицентар на вториот бран на коронавирус во Австралија, регистрираше нула случаи втор ден по ред по 112 дена во карантин. Здравствените власти најавија дека рестрикциите може да бидат олеснети во наредните денови.

    „Благодарност до сите наши неверојатни здравствени работници и пред сè до австралиските граѓани“, напиша на Твитер министерот за здравство Грег Хант.

    Австралија има околу 27.500 заразени и 900 починати од ковид-19 од почетокот на пандемијата, многу помалку од многу други нации.

    25-милионската земја имаше еден од најстрогите пристапи во борба против пандемијата и воведуваше карантини со најригорозни ограничувања.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира