АВСТРАЛИЈА СО РЕКОРДНИ 501 НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ЛИЦАТА СО ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НЕ СЕДЕЛЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

    АВСТРАЛИЈА СО РЕКОРДНИ 501 НОВ СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС ВО ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ЛИЦАТА СО ПОЗИТИВЕН ТЕСТ НЕ СЕДЕЛЕ ВО ИЗОЛАЦИЈАВо Мелбурн е на сила шестнеделен карантин (Фото: Ројтерс)

    Жителите на Мелбурн од денеска мора да носат маска кога излегуваат од дома, додека Австралија го има најлошиот ден од почетокот на епидемијата.

    Во изминатите 24 часа, во Австралија се регистрирани 501 нов случај на коронавирус, што е најголем дневен пораст во земјата досега, откако претходниот рекорд изнесуваше 469 новозаразени на 28 март. Само во сојузната држава Викторија, чиј главен град е Мелбурн, се потврдени 484 нови случаи на зараза.

    „Повеќе од половина кои имале позитивен тест во Викторија меѓу 7 и 21 јули, односно повеќе од 2.000 луѓе, не биле во изолација. Тоз значи дека луѓето не се чувствувале добро, а сепак излегувале надвор и оделе на работа и во продавница“, кажа регионалниот премиер Даниел Ендрјус.

    Тој предупреди дека ако не се почитуваат мерките, карантинот во Мелбурн ќе трае и подолго од шест недели.

    Во Викторија досега има над 6.700 случаи на коронавирус, повеќе од половина од вкупната бројка во Австралија.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира