АВСТРИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ НА 16 ЈУНИ ЗА 31 ЗЕМЈА, НЕ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

    АВСТРИЈА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ НА 16 ЈУНИ ЗА 31 ЗЕМЈА, НЕ И ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИАвстрија ги укинува и контролите на границата со Италија (Фото: Ројтерс)

    Австрија на 16 јуни ќе ги укине контролите на границата со Италија, како и задолжителниот карантин за државјаните на повеќе од 20 европски земји, објави министерот за надворешни работи Александер Шаленберг. Македонија останува меѓу земјите на чии државјани засега нема да им биде дозволен влез. 

    Ги отвораме границите за земјите од Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија, со исклучок на Шведска, Шпанија, Португалија и Велика Британија“, изјави Шаленберг.

    Австрија, која граничи со осум земји, минатата недела ги укина контролите за сите соседи освен за Италија. За италијанскиот регион Ломбардија, кој беше најтешко погоден од коронавирусот, останува на сила делумното предупредување за патувања.

    „Аустријан ерлајнс“, кој привремено ги прекина сите редовни летови на 18 март, објави дека повторно ќе почне да лета на 15 јуни со постепено враќање на одредеени линии.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира