АВСТРИЈА, ИЗРАЕЛ И ДАНСКА ЌЕ ПРАВАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 И СОЕВИТЕ НА ВИРУСОТ

    АВСТРИЈА, ИЗРАЕЛ И ДАНСКА ЌЕ ПРАВАТ ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19 И СОЕВИТЕ НА ВИРУСОТ„Пандемијата ќе биде со нас уште долго време со различни мутации“, рече Курц. (Фото: ДПА)

    Австрија веќе не сака да се потпира само на Европската Унија за вакцини против ковид-19 и ќе развие своја вакцина за идните соеви, заедно со Данска и Израел, најави денес канцеларот Себастијан Курц. Европската агенција за лекови (ЕМА) е премногу бавна за да обезбеди вакцини против ковид-19 и има проблеми со снабдувањето и испораката, рече Курц пред патувањето за Израел.

    „Задоволен сум што Урсула фон дер Лајен толку рано ја презема инцијативата за да обезбеди вакцини за ЕУ. Но, ние мора да сме подготвени за идните опасни мутации на ковид-19“, напиша Курц на Твитер.

    Затоа, во наредните години Австрија ќе соработува со Данска и Израел на истражување и производство на втора генерација вакцини кои ќе бидат и против соевите на вирусот.

    Според Курц, експертите проценуваат дека 6 милиони Австријци ќе мора да се вакцинираат секоја година.
    „Пандемијата ќе биде со нас уште долго време со различни мутации“, рече Курц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира