АВСТРИЈА ЈА УКИНА БЛОКАДАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ СО ИТАЛИЈА, 11 ГРАДОВИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА И НАТАМУ ВО СТРОГ КАРАНТИН

    АВСТРИЈА ЈА УКИНА БЛОКАДАТА НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ СО ИТАЛИЈА, 11 ГРАДОВИ ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА И НАТАМУ ВО СТРОГ КАРАНТИНВенецискиот карнавел синоќа беше затворен две дена порано од предвиденото (Фото: Анса)

    Австрија ја укина блокадата на железничкиот сообраќај кон Италија откако се покажа дека двајца патници со симптоми на грип во еден од возовите немаат коронавирус. Планинскиот премин Бремер синоќа бил затворен со часови за да се спречи влез на болните патници во земјата, при што околу 500 патници останале блокирани во возот кој сообраќал на линијата Венеција-Минхен. Австриските власти најавија дека ако има потреба, експресно ќе воведат нови мерки во граничната контрола со Италија.

    Италија викендов стана трета земја во светот според бројката на заразени – 152, најмногу во северните региони Ломбардија и Венето, при што три лица починаа. Романија објави дека сите луѓе кои доаѓаат од Ломбардија ќе бидат ставени во 14-дневен карантин. Франција засега нема планови да ги затвори своите граници кон Италија.

    „Тоа не би имало никаква смисла. Вирусот не запира на граници“, изјави францускиот министер за здравство Оливје Варан.

    Италија викендов воведе строги мерки на карантин во 11 градови во северниот дел на земјата, во чие спроведување помагаат и полицијата и војската.

    „Јас сум изненаден од експлозијата на случаи, но се чини дека мерките на максимална претпазливост се исплаќаат. Не паничете и следете ги инструкциите“, изјави италијанскиот министер Џузепе Конте.

    Меѓу другото, предвреме беше затворен прославениот Венециски карневал, додека во Милано се затворени оперската куќа „Скала“, а за туристи и катедралата.

    На глобално ниво над 2.600 починати и над 79.000 заразени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира