АВСТРИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО ЗА ВЛЕЗ НА БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ВО ШЕНГЕН ЗОНАТА

    АВСТРИЈА НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ СТАВИ ВЕТО ЗА ВЛЕЗ НА БУГАРИЈА И РОМАНИЈА ВО ШЕНГЕН ЗОНАТААвстрискиот министер за надворешни работи Герхард Карнер изјави дека се противат на влегувањето на Романија и Бугарија (Фото: АФП)

    Австрискиот министер за надворешни работи Герхард Карнер изјави дека ќе стави вето на влегувањето на Романија и Бугарија во Шенген зоната, за што Брисел ќе одлучува денеска. На истиот состанок се очекува Хрватска да добие зелено светло за влез во зоната од 1 јануари 2023.

    Таа сега вклучува 22 од 27-те членки на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд, кои не се дел од Унијата.

    Минатиот месец, Европската комисија заклучи дека Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат техничките критериуми за влез во Шенген зоната и Европскиот парламент веќе гласаше во полза на нивното приклучување.

    Претходно, и Холандија најави дека ќе ѝ стави вето на Бугарија поради корупција и организиран криминал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира