БАЈДЕН ИМ НАРЕДИ НА МИЛИОНИ ВРАБОТЕНИ ВО ГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ КОМПАНИИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ

    БАЈДЕН ИМ НАРЕДИ НА МИЛИОНИ ВРАБОТЕНИ ВО ГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ КОМПАНИИ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТБајден вели дека го губи трпението зашто само 53% Американци се целосно вакцинирани (Фото: АП)

    Џо Бајден објави нови мерки за борба против коронавирусот, при што им нареди на вработените во големите американски компании да се вакцинираат или ќе мора редовно да се тестираат. Мерките вклучуваат и задолжително вакцинирање на милиони вработени во федералната администрација, додека бројот на заразени повторно расте во земјата. Болниците во некои сојузни држави се веќе целосно исполнети со ковид пациенти среде ширењето на попреносливиот делта сој.

    Наредбата на Бајден треба да опфати околу 100 милиони луѓе.

    „Ова нема врска со слободата и личниот избор, ова е да се заштитите себеси и луѓето околу вас“, изјави Бајден.

    Тој му наложи на Министерството за труд да побара задолжително вакцинирање во сите приватни бизниси кои имаат повеќе од 100 вработени или тие најмалку еднаш неделно да приложуваат негативен тест за коронавирус. Ова ќе биде побарано и од 1,7 милиони здравствени лица од установите кои примаат федерални придобивки.

    Околу 80 милиони возрасни Американци и натаму не се вакцинирани, додека секоја недела илјадници луѓе умираат од ковид-19 во земјата. Според Центарот за контрола и превенција на болести, само 53% Американци се целосно валкцинирани.

    „Патот пред нас, дури и со делта сојот, ни оддалеку не е така лош како минатата зима. Она што е фрустрирачки е што одредено малцинство Американци упорно нè влече назад. Бевме трпеливи, но нашето трпение е при крај“, кажа Бајден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира