БАЈДЕН НАРЕДИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РЕКОРДНИ РЕЗЕРВИ НАФТА, НО ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НЕМА ДА ПАДНАТ ПРЕКУ НОЌ

    БАЈДЕН НАРЕДИ ОСЛОБОДУВАЊЕ НА РЕКОРДНИ РЕЗЕРВИ НАФТА, НО ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НЕМА ДА ПАДНАТ ПРЕКУ НОЌБајден ќе ослободи 50 милиони барели нафта од стратешките резерви (Фото: АП)

    Американскиот претседател Џо Бајден најави ослободување на вонредни резерви нафта со цел да се сопре порастот на цените на енергијата во пресрет на сезоната на празнични патувања, но ќе бидат потребни недели пред барелите да излезат на пазарот.

    Министерството за енергетика ќе ослободи 50 милиони барели нафта од стратешките резерви, што е најголемото ослободување на резерви во историјата на САД, кажа Бајден.

    „Сепак, акциите на администрацијата нема преку ноќ го решат проблемот на поскапувањето на бензинот. За тоа ќе треба време. На подолг рок, ќе ја намалиме нашата зависност од нафта додека се префрламе на чиста енергија“, изјави Бајден.

    Се очекува ослободените барели да се најдат на пазарот дури во втората половина на декември.

    „Голем дел од причината што Американците се соочуваат со високи цени на бензинот е што земјите-производители на нафта и големите компании не го зголемија снабдувањето доволно за да се задоволи побарувачката. А, помали испораки значат повисоки цени на бензинот глобално“, додаде Бајден.

    Ова ослободување е во координација со неколку други земји, како Кина, Индија, Јапонија, Кореја и Велика Британија. До петокот, во стратешките резерви на САД имало 604,5 милиони барели нафта.

    Овој потег следува откако Белата куќа се соочи со голем притисок да ги намали брзорастечките цени на пумпите, што придонесува за најголемиот пораст на инфлацијата во изминатите децении.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира