БЕРЛИНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАБРАНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ КОВИД РЕСТРИКЦИИТЕ

    БЕРЛИНСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗАБРАНИ ПРОТЕСТИ ПРОТИВ КОВИД РЕСТРИКЦИИТЕВчера, речиси 600 луѓе беа уапсени или привремено задржани од полицијата, за време на протестите против ковид мерките, на кои учествуваа околу 5.000 демонстранти, многумина од нив поврзани со движење против ковид рестрикциите. (Фото: ДПА)

    Берлинските власти забранија три протеста закажани за денеска против мерките за спречување на ширење на коронавирусот по насилствата викендов, соопшти полицијата во германската престолнина.

    Забраните се однесуваат на два маршеви, за кои организаторите најавија дека очекуваат 10.000 учесници, како и за собир на Потсдамер плац под мотото „Слободен живот, слободна љубов“, каде се очекуваа 1.000 учесници.

    Вчера, речиси 600 луѓе беа уапсени или привремено задржани од полицијата, за време на протестите на кои учествуваа околу 5.000 демонстранти, многумина од нив поврзани со движење против ковид рестрикциите.

    Полицијата ја правда забраната на овие протести врз основа на тоа што демонстрантите не ја почитуваат мерката држење дистанца, која сè уште е во сила.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира